Поврзете се со нас

Шпанија

Тер Штеген испрати прва порака по ужасната повреда и откри која работа посебно го трогнала (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Марк Андре Тер Штеген заработи тешка повреда на „Ла Керамика“ во неделата и уште веднаш стана јасно дека се работи за нешто сериозно, а медицинските тестови само го потврдија најцрното сценарио.

Германецот ја скина паталерната тетива на десното колено и ќе биде во аут најмалку осум месеци, но бидејќи веднаш му беше направена операција за што побрзо започнување на рехабилитацијата, Германецот сега доби шанса и првпат да се огласи.

Во пресрет на дуелот на Барселона со Хетафе, Тер Штеген му се заблагодари на цело фудбалско и спортско семејство за поддршката која ја доби, но признава дека посебно бил трогнат од навивачите на Вилјареал кои му дадоа огромна поддршка додека врескаше на теренот.

– Вистински сум благодарен на сите навивачи на Барса, на соиграчите, на ривалите, на клубовите и пријателите за поддршката и љубовта која ми ја покажавте од неделата наваму.

– Сакам посебно да им се заблагодарам на навивачите на Вилјареал за респектот кој го покажаа на теренот, тоа навистина многу ми значи. Се чувствувам позитивно и силно, веќе сум фокусиран на мојата рехабилитација. Ви благодарам!, – порача Тер Штеген.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни