Поврзете се со нас

Шпанија

Тер Штеген има сериозен план: Се подготвувам и за крајот на кариерата…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Марк Андре Тер Штеген пред само неколку недели стави потпис на нов договор со Барселона кој го врзува со клубот до 2028-ма година, но Германецот гледа доста подалеку од тоа и вели дека веќе се подготвува за тоа што ќе прави по крајот на играчката кариера.

Германскиот чувар на мрежата вели дека Барселона како град е идеално место за живеење и планира да остане во Каталонија, но исто така има и големи амбиции на бизнис план, односно размислува како да ги вложи заработените пари од фудбалот.

– Се глеадам себеси како живеам во Барселона до крајот на мојот живот. Во овој град се ми прилега, на спортски, но и на личен план. Донесов одлука со семејството дека ќе останам тука.

– Паралелно со фудбалот, полека се подготвувам и за крај на играчката кариера. Има живот и после фудбалот, има многу теми и работи кои ме интересираат и кои сакам да ги правам.

– Се обидувам да ги разберам структурите и системите кои ги има во една компанија, читам многу за бизнис и се советувам со луѓе кои се дел од таа сфера. Учам за инвестиции, за капитален ризик, за стартап компании. Сакам да бидам навлезен во овие нешта кога ќе дојде крај на кариерата, – открива Тер Штеген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни