Тер Штеген има повеќе асистенции од голем број офанзивни ѕвезди

marc-andre-ter-stegen

Вчерашната асистенција на Марк-Андре тер Штеген на средбата меѓу Барселона и Мајорка е веќе втора сезонава за германскиот голман.

Дел од шпанските медиуми го истакнаа овој дополнителен квалитет на Тер Штеген, но и го споредија со голем број ѕвезди кои сезонава се уште не стигнале до бројката од две асистенции во домашното првенство.

На списокот се Еден Азар, Кристијано Роналдо, Луис Суарез, Кристијан Ериксен, Рахим Стерлинг и други.

Facebook Коментари