Поврзете се со нас

Шпанија

Тер Штеген: Ги одложив преговорите со Барселона

Објавено

на

Марк Андре Тер Штеген ги освои срцата на фановите на Барселона со своите блексави изданија во дресот на каталонската гордост, но исто така и со својата професионалност и скромен карактер надвор од теренот.

Германскиот чувар на мрежата се претвори во клучен играч на Барса во друштво на незаменливиот Лионел Меси и без никаков сомнеж е човек кој посебно се истакнува со своите интервенции, па токму поради тоа, навивачите не можат да замислат како би го загубиле во блиска иднина.

Пред Нојер да потпише нов договор со Баерн, имаше шпекулации дека Тер Штеген би се вратил во родната земја, но иако и самиот нагласува дека преговорите со Барса за нов договор се одложени, исто така потенцираше дека нема шанси да си замине ова лето.

– Нема никаква шанса да си одам ова лето од Барселона. Искрено, имав првични контакти со клубот, односно имаше контакти меѓу моите агенти и одговорните луѓе на клубот.

– Сепак, темата со коронавирусот ја прекина врската и дефинитивно не беше момент да се продолжи со разговори. Во момент кога се збори за човечки животи, одлучив да ги одложам преговорите со Барселона. Тука ми е многу добро, моето семејство се чувствува одлично и наша цел е да останеме, – изјави Тер Штеген за „Кикер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни