Поврзете се со нас

Шпанија

Тер Штеген едвај се воздржа: Не сакам да се зборува на оваа тема…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Plettigoal

Барселона не успеа да слави на жешкиот терен во Баскија кај Атлетик Билбао и со тоа не го искористи киксот кој Реал Мадрид претходниот ден го направи на гостувањето на „Месталја“.

Каталонците имаа проблем да се наметнат, да создадат шанси на „Сан Мамес“, а во тоа дефинитивно големо влијание имаа двете повреди во првиот дел на клучните играчи од средината на теренот Френки Де Јонг и Педри. Меѓутоа се очекуваше повеќе од Барса особено по ремито на Реал и поразот на Џирона, но екипата не успеа да го испорача тоа што јавноста, навивачите го очекуваа од него.

Секако на играчите им е најтешко, а доказ за тоа е голманот Марк Андре Тер Штеген кој едвај се воздрша кога беше ставена под знак прашање амбициозноста на екипата.

-Тешко ми е да не одговорам лошо во овој случај затоа што верувам дека она што не и недостасува на оваа соблекувална е амбициозност. Не сакам да се зборува на оваа тема. Денеска не успеавме, ама се обидуваме до крај, -порача човекот кој е капитен на Барселона на теренот со оглед на тоа што Серхи Роберто се поретко добива шанса од тренерот Ернандес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни