Поврзете се со нас

Светски првенства

Теоријата на искусниот стратег: Капело посочи зошто Англија може да триумфира на СП

Објавено

на

Англиската фудбалска репрезентација долго време трофеј на најголемите настани, а нова шанса тоа да го промени ќе има на Светското првенство во Катар кое е на програмата од 20 ноември до 18 декември.

Герет Саутгејт има силен тим на располагање и сосема очекувано Англија е ставена меѓу главните фаворит за пехарот.

Фабио Капело е еден од тренерите кој не го испорача успехот кој се очекуваше додека го водеше „гордиот албион“, но тој верува дека оваа година, овој мундијал може да биде посебен за Англичаните, односно ќе биде вистински тест за неговата теорија поврзата со овој национален тим.

-Навистина сум заинтересиран да видам кој ќе биде на врвот на Светското првенство во Катар. Како поранешен селектор на Англија, кога го тренирав тимот во септември, октомври и ноември, бевме подготвени да се соочиме со најдобрите тимови во светот. Во март и април беше така-така бидејќи физичкото ниво паѓаше, потоа ни беше многу тешко во јуни.

-Сакам да ја тестирам мојата теорија дека Англија е одличен состав во овој период од годината, па освен тоа што има талентирани играчи и врвен тренер, дали тие можат да бидат навистина конкурентни и да освојат голем турнир како што е Светското првенство?-порача Капело.

Англичаните во групната фаза ќе се соочат со Велс, Иран и САД.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни