Поврзете се со нас

Свет

Теодосиќ заработи потешка повреда, соиграчите го изнесоа од теренот (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Виртус Болоња славеше над Реџо Емилија со 90-81 во првата италијанска лига, но овој триумф гостите скапо го платија затоа што во самиот финиш се повреди Милош Теодосиќ.

Се играше последната минута кога Србинот се лизна и веднаш се фати за коленото. Потоа проба да застане на повредената нога, но не можеше и соиграчите мораа да го изнесат надвор од теренот.

Повеќе информации околу повредата се очекува во текот на утрешниот ден, но како што стојат работите се работи за нешто сериозно и плејмејкерот ќе мора подолго време да паузира.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни