Поврзете се со нас

Свет

Теодосиќ за непопуларната одлука на Јокиќ: Оваа генерација на играчи не е како онаа од мое време….

Објавено

на

Милош Теодосиќ како долгогодишен лидер и капитен на српската кошаркарска репрезентација нема одбиено ниту еден повик и нема пропуштено ниту еден голем турнир кога се во прашање домашната селекција, па како човек кој ќе го гледаме и на претстојната Олимпијада во Токио, искусниот кошаркар даде свое мислење за веста која стана топ тема кај нашиот сосед.

Никола Јокиќ донесе непопуларна одлука и соопшти дека му треба одмор по напорната сезона во НБА лигата, па откажувањето за Олимписките игри му донесе серија критики во родната земја, негативни коментари кои пристигнаа две седмици по добиеното МВП признание во најсилната кошаркарска лига во светот.

Теодосиќ во улога на капитен се обиде да го сфати Јокиќ и порача дека секој има право на личен избор, но нагласи дека за играчите од неговата генерација кои се повозрасни, несфатливо е да се одбие репрезенативниот повик.

– Јас не можам да говорам од агол на Јокиќ, не сум во негова кожа. Немав можност да одиграм толку многу минути и натпревари во една сезоната, да носам цел тим во НБА лигата. Навистина го сакав тоа чувство, сакав да го почувствувам тоа. Сигурен сум дека он добро размислил пред да донесе ваква одлука која смета дека е најдобра за него. Ако Јокиќ е 100 проценти подготвен, тогаш сме скалило погоре, но ако го имаме Јокиќ кој е само 50 проценти подготвен, тоа нема логика. Се надевам дека ќе може да игра во репрезентацијата наредната година.

– Жалам што многу луѓе го осудуваат, секој има право на свој личен избор. До некаде и ги сфаќам тие луѓе, но сепак треба да му дадеме поддршка. Тој е наш амбасадор во НБА лигата и треба да има поддршка од цела нација. Јас уживам кога играм за репрезентацијата, секој момент ми е незаборавен. Од хотелот, подготовките, натпреварите. Мојата генерација имаше нешто друго, мојата генерација, две или три години постари или помлади, имаа всадено во себе дека репрезентацијата е обврска, дека мора да играте. Можеби звучи грубо, но така е. Немаш право да кажеш не, можеш само да се повлечеш како Стефан Марковиќ поради повреда, – вели Теодосиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни