Поврзете се со нас

Свет

Теодосиќ со својата специфична „одбрана“ стана вистински хит во Италија (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Виртус Болоња славеше над Фортитудо Болоња во рамките на третото коло во групата Б во Супер Купот на Италија, но резултатот од оваа средба падна во втор план поради српскиот репрезентативец Милош Теодосиќ.

Теодосиќ стана вистински хит на Апенините и тоа поради неговата „одбрана“ против Матео Фантинели. Фантинели не е некој шутер, но Теодосиќ претера и одлучи воопшто да не го чува, поточно се спушти под кошот и со кренати раце го очекуваше резултатот од шутот.

Одговорот на Матео беше сигурен кош од линијата за три поени. Како реагирал и што му рекол тренерот Ѓорѓевиќ на Милош за овој потег не знаеме, но Србинот дефинитивно нема во иднина вака да се однесува.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни