Поврзете се со нас

Свет

Теодосиќ го повтори својот откачен дриблинг во Италија и го избезуми чуварот (Видео)

Објавено

на

Милош Теодосиќ е убедливо најатрактивен играч во респектабилната италијанска кошаркарска лига, а за каков кошаркарски гениј станува збор одново демонстрираше оваа вечер.

Српскиот кошаркарски виртуоз го повтори својот луд дриблинг кој веќе го презентираше пред нешто повеќе од три месеци, со единствена промена на чуварот во дадената ситуација.

Неговата Виртус Болоња загуби од Тренто со 83:91, но Италијанецот Ладурнер сигурно извесно време ќе го сонува Теодосиќ кој буквално му ја сокри топката зад неговиот грб.

Теодосиќ на извонреден начин си проигра со противникот, а потоа проигра еден од соиграчите кој погоди тројка. Инаку, Милош натпреварот го заврши со 11 асистенции, а придодаде уште 15 поени и 2 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни