Поврзете се со нас

Италија

Тео испиша историја како најдобар голгетер меѓу дефанзивците, Леао со мангупски потег донесе победа за Милан (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Комо сериозно го предизвика Милан и ги направи работите пеколно тешки за фаворитот на стадионот „Синигалја“, но Сержо Консеисао одново гледаше како неговиот тим прави трет пресврт на четвртиот натпревар по преземањето на италијанскиот великан.

Двата кам-бека против Јувентус и Интер му донесоа титула во Суперкупот, но откако тимот разочара на домашен терен против Калјари одигрувајќи 1:1, Консеисао денеска ја дочека првата победа во Серија А како тренре на Милан.

Комо прв стигна до водство и го зададе првиот удар преку зимското засилување Диао по еден час игра, но гостите од Милано имаа доволно сила за да возвратат, па со два погодоци запишаа нова пресврт победа.

Тео Ернандес израмни на 1:1 и со 30-от гол во Серија А како играч на Милан испиша фудбалска историја, односно стана дефанзивецот со најмногу постигнати голови во историјата на фудбалскиот великан.

Левиот бек го надмина легендарниот Паоло Малдини со кого досега беа на делба на првата позиција, но од вечерва, Тео е осамен на врвот со еден повеќе.

Израмнувачкиот погодок ги осоколи гостите да тргнат и по втор, а истиот пристигна после една одлична комбинација меѓу Ејбрахам и Леао. Англичанецот мајсторски го проигра Португалецот, а овој со мангупски лоб го матираше противничкиот голман и обезбеди победа за Милан.

Погодоците погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни