Поврзете се со нас

Формула 1

Тензија во Остин: Ферстапен му упати „сочни“ зборови на Хамилтон (Видео)

Објавено

на

Макс Ферстапен го презема водството во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот по последната трка во Турција, а викенд возбудувањата во Тексас ќе донесат ново соочување на возачот на Ред Бул со неговиот најголем ривал, Луис Хамилтон.

На патеката во Остин веќе се возеа слободните тренинзи, а на последниот дојде и до една тензична ситуација, откако Хамилтон влезе поагресивно во еден свијок и го налути Ферстапен.

– Глупав идиот, – рече Ферстапен во радио комуникацијата, мислејќи на Хамилтон, а му покажа и среден прст на Британецот, кој според него возел невнимателно во тие моменти.

Во пресрет на неделната трка за ГН на САД, Ферстапен има шест бодови повеќе од Хамилтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни