Поврзете се со нас

Свет

Тензија во Белград: Пешиќ и Атаман се „зајадоа“ крај аут линијата (Видео)

Објавено

на

Србија ја доби големата драма со Турција и успеа да победи со 77:76, но натпреварот од квалификациите за Светско првенство ќе се памети и по тензичната караница која ја имаа двајцата тренери.

Ергин Атаман како тренер на Анадолу Ефес се најде во центарот на вниманието уште пред мечот бидејќи не му дозволи на Мициќ да настапи за својата репрезентација, па така цела српска јавност и фановите му фаќаа голем сеир на Турчинот на натпреварот во Белград.

Во еден момент, до вербална расправија дојде и меѓу Атаман и српскиот селектор Пешиќ, по што двајцата беа доста нервозни и на прес-конференциите.

Пешиќ нагласи дека не сака да троши зборови за Атаман, додека Турчинот призна дека останал разочаран од постапката на колегата, бидејќи тој всушност се бунел кај судиите.

– Ме прашувате што се случи со Пешиќ. Јас се бунев кај судиите, а тој ме прашуваше зошто се бунам. Едноставно не е дозволен таков дијалог меѓу двајца тренери и тоа не беше фер од негова страна. Не знам каков притисок има откако не го осови Европското првенство како главен фаворит, но ова не беше во ред, – изјавил Атаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни