Шпанија
Тензија по новото очајно издание: Двајца соиграчи на Димитриевски се симнале од автобус за да се соочат со бесните навивачи (Видео)
Валенсија неколку сезони наназад се провлекува во Ла Лига без вистински спортски проект и често беше блиску до опасната зона, но ужасниот старт на новата натпреварувачка сезона внесува голем немир и страв од најлошото.
„Лилјаците“ играат очајно лошо и по девет одиграни меча имаат само шест освоени бода, па оттаму не чуди фактот што се на 18-то место на табелата и во опасната зона.
Деветтото коло во Ла Лига стартуваше со натпреварот меѓу Леганес и Валенсија кој се одигра вечеравечер, а по разочарувачкото реми од 0:0, навивачите на гостинскиот клуб го искажале сиот свој револт пред стадионот „Бутарке“.
Бесните навивачи на Валенсија побарале одговорност од своите миленици за катастрофалните партии, па во моменти на голема тензија, страста се обиделе да ја смират двајца соиграчи на Столе Димитриевски.
Серхи Канос и Пепелу (капитен) се симнале да се соочат и да ги смират разочараните навивачи на Валенсија, а бидејќи имало и прозивки на сметка на останатите кои останале во автобусот, на крајот се симнал и тренерот Рубен Бараха.
Како што стојат работите, Валенсија сезонава ја чека грчевита борба за опстанок, па сега останува да се види дали оваа прозивка од фановите ќе влијае позитивно по репрезентативната пауза која следи.
Тимот од „Месталја“ оствари само една победа во девет одиграни рунди (онаа над Џирона), а во наредните три кола игра против Лас Палмас, Хетафе и Реал Мадрид.
▪️ Lío en las puertas de Butarque.
Pepelu y Sergi Canós bajan del autobús para sofocar el enfado de la afición del Valencia.
🔗 https://t.co/mSW1BGBNJ1 🔗 pic.twitter.com/s8WjO77ukG
— ElDesmarque (@eldesmarque) October 4, 2024
Pepelu ha ejercido de capitán con palabras de circunstancia porque sabe perfectamente q el valencianismo nunca abandonará a su equipo.
Los jugadores tienen que dar mucho más.
El único que hay que señalar es el máximo accionista que ha llevado este club a la miseria más absoluta. pic.twitter.com/jZQWLI0Wba— Carlo Spinola (@carlo_spinola) October 4, 2024
Rubén Baraja baja del autobús para rebajar el clima de tensión.
▪️ El técnico pide apoyo a la afición y termina aplaudido.https://t.co/42zFXAXAVD pic.twitter.com/MrImmhOsYF
— ElDesmarque (@eldesmarque) October 4, 2024
-
Италија7 часа
Балотели се врати во Серија А, Џенова славеше на „Енио Тардини“ и излезе од опасната зона (ВИДЕО)
-
НБА19 часа
Несопирливиот Дончиќ си поигруваше со играчите на Орландо (Видео)
-
Лига на шампиони15 часа
Мората пред враќањето во Мадрид: Не верувам дека работите се промениле на „Бернабеу“
-
Свет18 часа
Мурињо објави видео за фудбалската лакрдија во Турција: Гледајте и смејте се!
-
Шпанија13 часа
Анчелоти со болна најава: Фудбалот треба да се прекине!
-
Англија12 часа
Постекоглу го седна нервозниот Сон на клупа, па даде кратко објаснување
-
Англија17 часа
Шок за Шпанецот: Артета останува без својот најверен соработник во Арсенал!
-
Англија20 часа
Бруно откри што му кажал на Тен Хаг: Кога еден тренер заработува отказ, тоа значи……