Поврзете се со нас

Конференциска лига

Тензија по големото понижување: Гневните фанови на Рома го одбија дресот од капитенот (Видео)

Објавено

на

Жозе Мурињо вечно ќе го памети гостувањето во Норвешка кај Бодо, бидејќи постави личен анти-рекорд во својата извонредна тренерска кариера, бидејќи вчерашниот натпревар во Конференциската лига беше првиот на кој негов тим примил шест гола.

Рома беше понижена на гостувањето кај далеку понискорангиран УЕФА противник и загуби со неверојатни 6:1, за што слободно може да се каже дека огромна одговорност има и Мурињо, кој реши да игра со резервните фудбалери, односно на оние кои им дава навистина мала минутажа во Серија А.

Оправдувањата на Мурињо за неговата одлука ќе имаат мало значење кај фановите на Рома, а оние кои допатуваа во Норвешка, уште по послендиот судиски свиреж јасно им ставија до знаење на фудбалерите дека се гневни и огорчени.

Тифозите на италијанскиот клуб бараа одговори од своите фудбалери и дел од нив влегоа во конфронтација со скапо платените играчи, па дури беше одбиен и дресот од капитенот.

Пелегрини се обиде да ја смири тензија нудејќи го својот дрес, но фановите на Рома не го прифатија и му порачаа да си го врати на себе по срамниот пораз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни