Поврзете се со нас

Италија

Тензија по дербито: Ибрахимовиќ не му остана должен на Леива, Сари тргна да се пресметува со Салемакерс (Видео)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ се врати по паузата од четири месеци и веднаш постигна гол во дербито против Лацио, но покрај тоа што ја осигура победата за Милан од 2:0, предизвика и тензија по последниот судиски свиреж, што подоцна се претвори и во метеж крај аут линијата.

Веднаш по судискиот знак на Кифи за крај на натпреварот, Ибра имаше физички контакт со Лукас Леива, но сепак поголема драма изрежира Маурицио Сари кој беше разгневен од прославата на Алексис Салемакерс.

Белгискиот фудбалер славеше пред очите на тренерот на Лацио, кој тргна да се пресметува со играчот на Милан и беше смирен дури откако доби исклучување.

Искусниот стручњак беше единствениот кој заработи црвен картон во непотребната мешаница по крајот на дербито на „Сан Сиро“, кое му овозможи на Милан да се искачи на првото место на табелата во Серија А.

Останатите тројца инволвирани останаа без опомена од главниот арбитар, па сега Сари нема да може да го води својот тим во наредната рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни