Поврзете се со нас

АТП

Тензија на Вимблдон: Девојката на Фриц со директна провокација кон Зверев ја прослави големата победа (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Тејлор Фриц само третпат во кариерата успеа да се врати од два сета негатива и да победи со 3:2, а со извонредниот пресврт прекина една црна серија која го следеше со топ десет тенисерите.

Американецот не знаеше за победа против тенисери од елитата на деветте последни соочувања на грен слемите, но вчера се врати од два сета негатива против Саша Зверев и по вторпат се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон.

Фриц ја искористи добрата игра и повредата на Зверев за да се најде меѓу осумте најдобри, но мечот заврши и со малку тензичен разговор на мрежа, кој всушност беше производ на провокациите кои ги добиваше Саша од боксот на ривалот.

Зверев по крајот на мечот призна дека бил лут на дел од боксот на Фриц кој очигледно не е запознаен со тенискиот свет, а тука најверојатно мислеше на неговата девојка, Моран Ридл.

Атрактивната русокоса очигледно го нема заборавено скандалот во кој Зверев беше обвинет за насилство кон порашената девојка, па победата на нејзиниот партнер ја славеше на навистина провокативен начин.

– Викајте силно девојкии………, – објави Морган за време на мечот, а потоа беше уште подиреткна по крајот на мечот.

– Кога твојот човек ќе победи за девојките!, – порача Морган.

Инаку, Саша беше ослободен од сите обвиненија во месец мај, но јасно е дека тој скандал ќе го прогонува до крајот на кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни