Тензија на тренингот на Реал: Рамос ги загуби живците, па тргна да го „шутира“ младиот Регилон (Видео)

ramos

На европскиот шампион Реал Мадрид не му оди во оваа сезона, резултатите не се на посакуваното ниво, тренерот Хулен Лопетеги е пред отказ, а тензијата се чувствува и меѓу играчите.

Најдобар доказ за тоа е денешната снимка која ни доаѓа од тренингот на „кралевите“ во која капитенот Серхио Рамос неочекувано нападна еден од помладите играчи или во сличјот тоа е Серхио Регилон.

Регилон ненемаерно го закачи Рамос при една вежба по што искусниот дефанзивец бурно реагираше и ја шутна топката кон него. Вежбата заврши, ама стоперот не застана, па упати уште една топка кон 21-годишниот Регилон, по што дојде Лука Модриќ за да ја смири ситуацијата.

Facebook Коментари