Италија
Тензии во Милан: Дербито може да биде кобно за Консеисао, играчите незадоволни од Португалецот

Поразот на Милан од Динамо во Лигата на шампионите донел нова конфронтација на тренерот Серџо Консеисао со голем дел од фудбалерите, а неговиот однос го убедил и Алваро Мората дека е време да замине од „Сан Сиро“.
Шпанецот е пред трансфер во Галатасарај, но „Тутоспорт“ тврди дека претстојното градско дерби со Интер може да биде кобно и за неодамна назначениот тренер.
Консеисао имал жестока расправија со дел од ѕвездите, па играчи како Тео Ернандез и Кристијан Пулишич биле незадоволни од начинот на кој се однесува тренерот, нешто што стигнало и до раководството на „росонерите“.
Клубот на највисоко ниво ќе ја разгледа позицијата на Консеисао затоа што не е задоволен од неговите методи, а пораз од Интер веројатно ќе ја насочи одлуката кон експресен отказ.
Португалецот беше назначен пред еден месец, но очигледно претерува со својот темперамент, а заработи многу критики и поради неодамнешниот инцидент со Давиде Калабрија по триумфот на Милан над Парма.
-
Лига на шампиони21 час
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија22 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони18 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони6 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…