Тензично во Амстердам: Тен Хаг влезе во клинч со тренерот на Хетафе (Видео)

tenhag-bordalas

По елиминацијата од Валенсија во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, за Ајакс како кобен се покажа уште еден шпански тим, и тоа во воведната нокаут рунда во Лига Европа.

Хетафе е најпријатното изненадување во Примера оваа сезона, а тоа го потврди и со своите две изданија против холандскиот фудбалски великан од кои излезе како победник со вкупни 3:2. Мадридскиот тим вечерва загуби на „Јохан Кројф Арена“ со 2:1, но фактот што победи на домашен терен во Шпанија со 2:0 му загарантира пласман во осминафиналето во Лига Европа.

Вечерашниот меч во Амстердам изобилуваше со тензија на теренот и со доста остра игра од двете страни, а во оваа ситуација, таквото расположение се префрли и крај аут линијата каде Ерик Тен Хаг и Хосе Бордалас влегоа во бизарен клинч по кој главниот судија им покажа жолт картон на двајцата.

Facebook Коментари