Поврзете се со нас

ВТА

Тенисот доби женска верзија на Медведев: Можете да ми го бакнете задникот… (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AustralianOpen

Даниеле Колинс ја мина втората пречка во Мелбурн и се пласираше во третото коло на Аустралијан Опен, рунда во која дефинитивно ќе ја има за противничка сонародничката Медисон Кин, но и цела публика во Мелбурн парк.

Причина за тоа е однесувањето на американската тенисерка откако ја совлада миленичката на домашната публика, односно испадот кој го имаше Колинс во стилот на Данил Медведев.

Американката режираше циркус во стилот на прославениот руски тенисер, бидејќи откако ја победи Дестини Ајава со 2:1 во сетови, реши да им се сити на домашните фанови.

Колинс воопшто не се штедеше и бараше свирежите да бидат уште погласни, но за крај им испорача и иронични бакнежи, но и порака дека можат слободно да и го „бакнат задникот“.

Американката продолжи во ист ритам и додека даваше изјава, па со целиот перформанси се погрижи да биде најомразена меѓу Австралијанците на овогодинешното издание на тенискиот грен слем турнир.

– Во моментите кога беше тесно, си мислев само едно: Дури и да загубам, ќе го „грабнам“ дебелиот и тешкиот чек за учеството во второто коло. Ти благодарам Австралија за чекот….., – им порача Колинс на фановите.

Danielle Collins

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни