Поврзете се со нас

АТП

Тенискиот Мастерс во Мадрид официјално откажан

Објавено

на

Организаторите на тенискиот турнир во Мадрид и официјално го откажаа изданието за 2020 година.

Вчерашните најави се потврдени, па тенисерите нема да можат да се натпреваруваат на престижниот турнир од Мастерс 1000 серијата.

Настанот беше планиран за периодот меѓу 12 и 20 септември, а организаторите велат дека нема да се одржи поради избегнувањето на ризикот за ширење на коронавирусот.

Рафаел Надал беше еден од тенисерите кои официјално потврдија дека ќе настапуваат во Мадрид, но сега ќе мора да бараат поинаква алтернатива за да се подготват за Ролан Гарос кој треба да започне на 27 септември.

АТП може да се реши да го помести турнирот во Кицбил за една недела подоцна од предвиденото, со што тенисерите би имале подобра подготовка за грен-слем турнирот во Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни