Поврзете се со нас

АТП

Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)

Објавено

на

Беноа Пер беше елитен играч до пред неколку години и беше дел од најдобриот тениски крем во светот, па во еден момент се најде и на 18-то место на АТП листата (моментално е 263-ти).

Овие денови се далеку зад францускиот тенисер кој отсекогаш знаел да привлече внимание со своето контроверзно однесување, а неговиот индолентен однос сега почна да ги лути и неговите сонародници.

Во периодот кога почна да бележи сериозен пад на АТП листата, Пер јавно изјавуваше дека се пријавува на турнирите само да ги „собере“ парите од настап во првото коло, па очигледно истато мислење го дели и сега.

Пер загубил на челинџерот во Рен од Британецот Џејкоб Фирнли за само 37 минути игра, а неговото однесување ги разочарало сите присутни на трибините.

Французинот бил декласиран со 6:1 и 6:0 и практично без борба му дозволил на ривалот да се пласира во следната рунда, однесување кое направило да биде испратен со свирежи од трибините во родната земја.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни