Поврзете се со нас

АТП

Тениски спектакл во Кина: Алкарас со седум поени во низа му пресуди на Синер во Пекинг

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Шпанскиот тениски ас, Карлос Алкарас е победник на АТП турнирот од серијата 500 што се играше во Пекинг.

Во завршниот меч Алкарас ги одмери силите со Јаник Синер и двајцата приредија вистински тениски спектакл, борба која траеше три ипол часа, борба која донесе три сета од кои два беа решени во тај-брејкот.

Решаваа нијанси, моменти на испирација за конечни на крајот 2:1 за Алкарас со 6-7(6) 6-4 7-6(3).

Имаше многу надмудрувања, секоја топка, поен беше посебен, па така првата рунда му припадна на Италијанецот иако Алкарас беше подобар во најголемиот дел од сетот, пропушти неколку сет топки за што стигна казната во тај-брејкот (8-6).

Карлитос со 6-3 го реши вториот за 1-1 за да во третиот „период“ двајцата по еднаш си го одземат сервисот и тоа не однесе во нов тај-брејк во кој Јаник тргна моќно и поведе со 3-0, но потоа наредните седум поени ги доби Шпанецот за 7-3 и пехар на турнирот во Кина.

Синер на овој начин не ја одбрани титулата во Пекинг, а сега и губи со 6-4 во меѓусебните дуели со Алкарас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни