Поврзете се со нас

АТП

Тениски спектакл: Досегашен голем ривал ќе му биде тренер на Ѓоковиќ во 2025. година! (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/SH_RolexMasters

Веста на денот од тенисот требаше да биде поврзана за случувањата на Дејвис Купот во Малага, но за да не биде така се погрижија британските медиуми, кои вечерва ексклузивно пренесоа вест која во најмала рака е спектакуларна.

Новак Ѓоковиќ играше без тренер откако се раздели со Горан Иванишевиќ и реши да не придодаде никој во својот тим во завршницата од годината, но сега новата ќе ја започне со добро познато и звучно име во неговиот табор.

Како што пренесуваат најугледните тениски медиуми, Ѓоковиќ решил да го ангажира својот добар пријател и доскорашен ривал на АТП турот, Шкотланѓанецот Енди Мари.

Британскиот тенисер се повлече од професионалното играње тенис и стави крај на кариерата која навистина беше блескава, но уште веднаш најави дека е подготвен за нови предизвици како тренер.

Првиот кој ќе го има не може да биде поголем од овој што го добива, бидејќи почнувајќи од идниот месец ќе стартува подготовки со Ѓоковиќ, а официјално ќе биде негов тренер од јануари 2025-та година.

Прва нивна заедничка цел ќе биде отвореното тениско првенство во Мелбурн, каде Ѓоковиќ сигурно ќе нападне нова титула на Аустралијан Опен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни