Поврзете се со нас

АТП

Тениска ѕвезда пристигна во Белград, па го откажа настапот по веста од таборот на Ѓоковиќ

Објавено

на

foto: twitter.com/atptour

Одлуката на Новак Ѓоковиќ да не настапува на завршниот Мастерс во Торино, значи дека место меѓу најдобрите осум тенисери сезонава ќе добие Алекс Де Минор.

Австралиецот ќе ја круниса солидната сезона со битка на завршниот АТП спектакл во 2024 година, но експресно ги разочара тениските фанови во Белград.

Откако ја дозна веста дека Ѓоковиќ нема да игра во Торино, Де Минор на прес-конференција во Белград потврдил дека нема да настапува на турнирот на кој требаше да биде прв носител.

Де Минор ја навел повредата на колкот како причина за повлекувањето и истакнал дека би сакал да се врати во српската престолнина веќе наредната година.

Местото на Де Минор ќе го заземе домашниот тенисер Дује Ајдуковиќ, кој утре ќе се соочи со сонародникот Ласло Ѓере.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни