АТП
Тениска драма: Медведев се „врати од мртвите“, па загуби на болен начин во 3 часот наутро (Видео)

Данил Медеведев се погрижи за нова тениска драма во својот втор меч на Аустралијан Опен, но ако во првото коло се враќаше од негатива против анонимниот Касидит Самреј и победи во пет сета, денеска немаше таква среќа.
Русинот се најде во уште поголема негатива и губеше 2:0 во дуелот со Лернер Тиен, а во завршницата од третиот сет се чинеше дека талентираниот играч од Калифорнија ќе ја реши работата во максимални три сета.
Тиен имаше меч топка во тајбрејкот и не успеа да ја искористи, по што следеше поагресивен тенис од фаворитот и враќање од „мртвите“ во ситуација кога многумина го отпишаа.
Медведев направи пресврт во тајбрејкот и на крајот славеше со 10:8, а потоа во четвртиот сет рутински се прошета и со 6:1 израмни на 2:2 во сетови.
Во тој момент се доби впечаток дека младиот Американец од Калифорнија нема повеќе сила, но Тиен ги демантираше сите со својот настап во одлучувачкиот петти сет, во кој во завршницата правеше и брејк за да остане во мечот. Со направен брејк, Тиен израмни на 6:6 и го однесе мечот во супертајбрејк, а во клучните моменти имаше повеќе нерви и славеше со 10:7.
19-годишниот Американец на овој начин ја запиша најголемата победа во својата кариера, а тениската драма ги остави австралиските фанови на трибините во Мелбурн парк до 3 часот наутро.
Remember the name: Learner Tien@wwos • @espn • @eurosport • @wowowtennis • #AusOpen • #AO2025 pic.twitter.com/HQmCNDMd5J
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 16, 2025
-
НБА15 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија23 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…