Поврзете се со нас

АТП

Тениска „бомба“: ВАДА конечно се огласи и побара жестока казна за Синер (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Јаник Синер непречено се натпреваруваше на Ју-Ес Опен и успеа да го освои грен слемот во Њујорк, па иако се чинеше дека допинг аферата ја остава зад себе, овој скандал дополнително се интензивираше ова утро.

Италијанецот беше прогласен за невин од страна на Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА), но сега конечно се јави и светската антидопинг агенција, која официјално соопшти дека поднела желба за ваквата пресуда на тениското тело.

ВАДА смета дека истрагата не е исправна и дека СИнер треба да заработи жестока казна од една до две години, па затоа е испратена жалба до Судот за спортска арбитража, кој сега ќе го има последниот збор за „случајот Јаник“.

– Светската антидопинг агенција потврдува дека на 26-ти септември поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во случајот со италијанскиот тенисер, Јаник Синер, кој беше прогласен за невин од страна на ИТИА после два последователни позитивни теста на клостебол.

– ВАДА смета дека заклучоко дека „нема вина и дека имало невнимание“ не е исправен и се коси со нашите правила. ВАДА бара период на суспензија од една до две години. ВАДА не бара диквалификација на било какви резултати, освен на оние кои веќе ги донесе првостепениот суд. Бидејќи овој случај сега е предмет на Судот за спортска арбитража, ВАДА нема да додава никакви дополнителни коментари во овој момент, – гласи соопштението.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни