И тенисерките знаат да бидат груби: Плишкова полуде по една одлука на судијата (Видео)

tennis-cirstea-stuns-karolina-pliskova-in-beijing-600x400

Поранешната тенисерка број еден, Каролина Плишкова беше доста нервозна по крајот на мечот на турнирот во Рим, кој го загуби со 2:1 од Марија Сакари од Грција.

Чешката тенисерка нервозно реагираше и наместо рутинскиот поздрав со судијата на стол по крајот на мечот, со својот рекет неколку пати удираше по столчето.

Претходно, Сакари додека имаше меч топка во еден момент ја погоди линијата, а Плишкова ја врати топката со половина сила мислејќи дека судијката ќе слезе од столчето за да ја увиди грешката. Сепак, тоа не се случи, па Чехинката го загуби поенот и мечот, по што реагираше на многу непрофесионален начин.

Facebook Коментари