Тенисерките ја добија битката со Ерменија за подобар пласман во ФЕД Купот

Nora-Viki

Македонската женска  тениска репрезентација издвојува победа над Ерменија од 2-1 во битката за пласман од 9 до 12 место на  ФЕД Купот Трета Евроафриканска зона.

На денешниот дуел во Молдавија нашиот противник прв дојде во водство и тоа откако Ана Мовсисјан славеше над Викторија Веселинова со 2-1 во сетови (7-5, 2-6,2-6). Потоа Нора Христовска беше подобра од Габриела Акопјан (2-0) за да во третата решавачка битка комбинацијата Христовска/Веселинова ја надигра ерманската двојка Мовсисјан/Давтјан (4-6,6-4,6-4)

Нашата селекција на овој настан на кој настапи без Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска забележа учинок од две победи (Камерун, Ерменија) и два порази (Тунис и Финска).

Facebook Коментари