АТП
Тенисерката која доби ист третман како Ѓоковиќ: Ова ми се случи поради Новак, си одам од Австралија

Чешката тенисерка Рената Ворачова доби ист третман како Новак Ѓоковиќ и денеска беше преместена во имиграцискиот хотел во Мелбурн, но за разлика од светскиот рекет број еден, таа се соочи со ваков шок откако една седмица непречено престојуваше во Мелбурн и дури одигра еден меч.
Ворачова е свесна дека се води политички прогон во Австралија и дека таа е жртва на ситуацијата која настана со Србинот, но само за споредба, таа не планира да презема никакви мерки и жалби и ќе го напушти Мелбурн со првиот лет.
– Не можам да сфатам зошто дојдоа да ми ја укинат визата после една седмица. Тоа што важеше до вчера, сега не важи. Не се однесуваа грубо и вулгарно, но некои работи не беа пријатни. Се чувсвтувам како во затвор во хотелот, но најлошо беше кога ми соопштија дека ми е укината визата.
– Од една страна, ова ми се случи поради Новак, а нема да бидам ниту единствена. Медицинските исклучоци и ослобдувања се дадени на повеќе играчи, а сега ќе има пресврти.
– Истовремено, му посакувам на Новак среќа и сакам да игра на Австралија Опен. Се надевам дека ќе добие на суд во понеделник, но кога е во прашање мојот случај, јас се повлекувам. Не сакам да губам време поради политичката војна која се води во Австралија и си одам од тука. Федералните власти најдоа дупка во законите на државата Викторија, а сега адвокатите на Ѓоковиќ ќе се обидат да пронајдат дупки во федералните закони, – гласи изјавата на Ворачова за чешките медиуми.
-
Англијапред 19 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Светски првенствапред 20 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
ВТАпред 21 час
Серена Вилијамс најави повлекување од тениската сцена
-
Италијапред 24 часа
Галијани направи брутална финансиска споредба: Како да се натпреваруваме со Нотингем?
-
Англијапред 14 часа
Звучи неверојатно: На Манчестер Јунајтед му бил понуден напаѓач кој ги помина Реал, Јувентус, Челси и Атлетико
-
Англијапред 23 часа
Рио ги именуваше тројцата напаѓачи од Премиер лигата кои не можел да ги поднесе
-
Лига на шампионипред 6 часа
Ристовски не се согласува со хрватската јавност по чудниот меч на „Максимир“: Таков е фудбалот
-
Германијапред 18 часа
Вернер се врати во старото јато и порача: Сакам да станам првиот играч во историјата на Лајпциг кој…