Поврзете се со нас

Дејвис куп

Тенисерите славеа над Словенија во Дејвис Купот

Објавено

на

foto: FB/Македонски тенис Makedonski tennis

Македонската тениска репрезентација успеа да издвојува победа над Словенија од 2-1 во вториот дуел од Третата Европска зона од Дејвис купот што се игра во Улцињ.

Нашите репрезентативци се изборија за значаен триумф во кој решавачкиот поен беше издвојуван во мечот во двојки. Имено Словенците се предадоа по само еден одигран гејм, а причината за тоа е Бор Артнак кој беше принуден да побара медицинска помош поради грчеви.

Претходно во сингл, Берк Бугариќ донесе водство за нас преку славјето над Матиц Крижник, додека пак гореспоменатиот Артнак го надигра Шендрит Деари.

Нашата селекција следниот меч го игра в сабота, а противникот ќе биде познат во зависност од утрешните мечеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни