Тенисерите ја загубија битката со Монако

reprezentacija

Македонската тениска репрезентација по трите порази (Естонија, Летонија и Црна Гора) во групата Б загубија и од Монако во борбата за опстанок во Третата Европска Група.

Нашите тенисери дојдоа до првиот поен на овој турнир, ама на крајот тоа не беше доволно за позитивен резултат на оваа пресметка. Димитар Грабул загуби во првиот натпревар во сингл за да потоа Горазд Србљак успее да слави и израмни на 2-1.

Во клучниот натпревар во игра на двојки Грабул и Србљак беа немоќни против Роман Армеодо и Бенжаман Балере (6-1, 6-2).

Facebook Коментари