Англија
Тен Хаг за засилувањето кое доживува кошмар на „Олд Трафорд“: Жал ми е за него

Мејсон Маунт доживува вистински кошмар на стартот на својата етапа во Манчестер Јунајтед, бидејќи првите месеци во клубот се за вистински заборав не само поради прикажаните перформанси, туку и поради здравствената состојба.
Маунт не успеа да влезе во посакуван континуитет на натпревари и голема причина за тоа се повредите, поради кои Мејсон сега нема официјален настап цели два месеци.
За да биде уште полошо, прогнозите не се воопшто добри и Тен Хаг зборуваше отворено за тоа во соочувањето со англиските новинари, на кој им откри дека би било добро ако Маунт влезе во посакуван ритам во завршниот дел од сезоната.
– Тој се мачи со повреди од вториот меч во сезоната. Се враќа од време на време, но потоа заработува нова повреда. Тоа секако не е идеално за него. Знам дека е фрустриран и жал ми е за него. Навистина секој ден сум тука за него, тој дојде кај нас со огромни очекувања, но и јас имав големи очекувања од него.
– Без оглед на разочарувачкиот стасрт, сигурен сум дека тој ќе биде добар играч за нас. Пред да дојде до тоа, мора да бидеме претпазливи и да се увериме дека целосно ќе се опорави. Нема да брзаме, најважно е да биде фит.
– Ќе се оди чекор по чекор, нема да брзаме. Се надеваме дека ќе биде фит и важен за нас на крајот од сезоната. Се надевам дека ќе си го пронајде местото во тимот, или дека ќе има некоја улога во овој тим до крајот на сезоната, – изјави Тен Хаг.
-
НБА22 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија12 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија20 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија21 час
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА23 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Свет24 часа
Поранешен европски шампион заинтересиран за Погба: Ќе бидеме среќни…
-
АТП11 часа
Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината, па и самиот го сподели на социјалните мрежи (Видео)