Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг за скапите трансфери на Јунајтед: Јас не сум одговорен за тоа…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед имаше лоша сезона во која единствена светла точка дефинитивно е освоениот ФА Куп трофеј со кој клубот се избори за место во европските купови.

„Црвените ѓаволи“ потфрлија во сите останати натпреварувања и останува под знак прашање дали менаџерот Ерик Тен Хаг ќе остане на сегашната функција.

Јунајтед под водство на Тен Хаг потроши голема сума на пари за засилувања како Антони, Касемиро, Мејсон Маунт, Андре Онана…но и овие засилување не помогнаа премиерлигашот да направи исчекор кон најдобрите и биде конкурентен за титули.

-Цените што се плаќаат за играчите се навистина многу високи – но јас не сум одговорен за тоа. Клубот ги правеше сите преговори, вклучително и со многу добри потенцијални играчи кои не дојдоа на крајот.

-Така што сето тоа е малку понијансирано од сликата што се слика дека политиката за купување е погубна. Сето тоа е негативно, но и покрај сите проблеми, основата во клубот се зацврсти. Можеби сега не е сето тоа видливо за надворешниот свет, но секој внатрешно ќе ја направи таа анализа, -порача Тен Хаг за „Мирор“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни