Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг за ситуацијата со Роналдо: Имал желба да замине? –Тоа е…

Објавено

на

Стратегот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг одговараше на најразлични прашања на вчерашната прес конференција во пресретна дуелот со Брентфорд.

„Ѓаволите“ ќе гостуваат кај тимот на Брентфорд во текот на денешниот ден и се надеваат дека ќе успеат да стигнат до позитивен резултат кој колку толку ќе ги поправи импресиите по поразот од Брајтон во воведното коло од шампионатот.

На прес конференцијата, Тен Хаг се осврна и на ситуацијата со Кристијано Роналдо посочувајќи дека тој знае како да се носи во вакви ситуации и потврдувајќи дека најавите дека Португалецот сака да си замине се само медиумски приказни.

– Кристијано Роналдо имал желба да замине? Тоа е вашето гледиште, не е тоа што Кристијано ми го кажува мене.

– Знам да се носам со фудбалерите и имам план што да правам со него оваа сезона. Мора да го вметнеме во тимот, -јасен беше Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни