Англија
Тен Хаг за роденденската забава на Рашфорд по поразот од Сити: Тоа е неприфатливо

Манчестер Јунајтед е под голем притисок поради неубедливите игри и слабите резултати, а дополнителен проблем за менаџерот Ерик тен Хаг е и обидот да ја воспостави потребната дисциплина меѓу ѕвездите во тимот.
Последниот испад е дело на Маркус Рашфорд, еден од милениците на фановите, кој сега заработи многу критики бидејќи правел роденденска забава веднаш по убедливиот пораз на дербито со Манчестер Сити.
Рашфорд не ја откажал забавата која била организирана уште пред поразот од 3:0, а напаѓачот се појавил навреме на утринскиот тренинг следниот ден. Сепак, Тен Хаг потврдил пред медиумите дека таквото однесување е неприфатливо.
– Свесен сум за тоа што се случувало и разговарав со него.
– Тоа е неприфатливо и му го кажав тоа, Рашфорд се извини и тука завршува случајот, – рекол Тен Хаг.
Холандскиот стручњак не сакал да открие дали Рашфорд добил казна од клубот.
-
Италијапред 23 часа
Галјардини му се потсмеваше во лице на Рабио, доби одговор две минути подоцна (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 11 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 12 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 20 часа
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Македонијапред 14 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Италијапред 10 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Светпред 23 часа
Ниска провокација: Стоперот на Ал Хилал го бараше невидливиот Роналдо во мрежата од голот! (Видео)