Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг за проблемите на Јунајтед: Голем дел од работите ги правиме добро, а потоа…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед се најде во непријатна негативна серија и заработува многу критики од фановите поради своите изданија сезонава, а менаџерот Ерик тен Хаг и на последната прес-конференција се обидел да ги детектира проблемите на неговиот тим.

Холандскиот стручњак смета дека на Јунајтед му недостасува постојаност во текот на натпреварите, а проблемите со повредите не можат да бидат целосно алиби за слабите резултати.

– Постојат причини поради кои играме на послабо ниво, но тоа сепак не е прифатливо и мора да се бориме против тоа.

– Имаме проблем со постојаноста на натпреварите и се мачиме со тоа.

– Би рекол дека во голем дел од натпреварите правиме многу добри работи, но постојат моменти во кои не се снаоѓаме и не можеме да „преживееме“. Во тие клучни моменти мора да бидеме на нивото, да носиме вистински одлуки, – изјавил Тен Хаг.

Јунајтед утре го пречекува Брентфорд од 16 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни