Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг за одлуката на Јунајтед за Санчо: Никој не е казнет поради една грешка

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик тен Хаг не сакал премногу да ја коментира ситуацијата со Џејдон Санчо, но не можел целосно да ја избегне оваа тема на вчерашната прес-конференција.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед смета дека тој го прави она за што бил доведен и дека ги исполнува барањата на клубот, а индиректно потврдил дека Санчо направил повеќе „престапи“ пред да биде дисциплиниран.

– Клубот побара од мене да донесам одредена дисциплина, бидејќи кога дојдов не постоеше најдобра „клупска култура“ и моја задача е да поставам стандарди.

– Тоа и го направив и моја работа е да ги контролирам тие стандарди.

– Никогаш не се работи за тоа дека некој направил една грешка, се работи за подолг процес пред да биде донесено одредено решение, – истакнал Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни