Англија
Тен Хаг за играчот кој потфрли со почетните изданија: Знае дека мора да истапи

Ерик Тен Хаг остана без Касемиро за наредните два меча на Манчестер Јунајтед, но денеска соопшти други три добри вести од здравствениот билтен на „црвените ѓаволи“.
Холанѓанецот ќе има поголем избор во одбраната бидејќи во тимот се враќаат Серхио Регилон и Рафаел Варан, а конечно на својата позиција ќе може да игра и Софијан Амрабат кој последно принудно играше како лев бек.
– Варан се врати нанзад и тоа е супер вест за последната линија. Многу сум среќен што ќе сметам на Рафаел Варан и Серхио Регилон. Тоа се доби вести, но не завршуваат тука. Софијан Амрабат исто така е подготвен и достапен за игра, – изјави Тен Хаг пред мечот со Шефилд Јунајтед, натпревар на кој сепак нема да може да смета на Касемиро.
– Касемиро заработи мала повреда, но не се работи за ништо големо. Тој ќе се врати брзо и нема да го чекаме долго, – додаде Тен Хаг, кој на пресот јавно побара и подобри перформанси од Андре Онана.
– Ние знаеме и самиот знае дека мора многу повеќе. Секој играч кој доаѓа во Премиер лигата, потребно е да мине период на адаптација, но тој мора да истапи на наредните неколку натпревари. Големи имиња како Шмајхел и Де Хеа исто така се мачеле на почетокот, но Андре е свесен дека мора да си ја олесни својата иднина со добри перформанси во брзо време, – заклучи менаџерот.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Италијапред 18 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 20 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 7 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него