Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг за ѕвездата на Јунајтед која беше непрепознатлива минатата сезона: Мора да си го среди животниот стил

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед забележа две победи во низа над Саутемптон и Барнсли, а на овие два натпревари ги видовме првите позначајни изданија на Маркус Рашфорд оваа сезона.

Англискиот напаѓач западна во сериозна криза минатата сезона и често добиваше жестоки критики од експертите, но трите гола на последните два меча сигурно ќе влијаат позитивно врз неговата самодоверба, која секогаш е пресудна за фудбал на највисоко ниво.

Коментирајќи ја ситуацијата на својот напаѓач, Ерик Тен Хаг посочи дека Маркус полека се враќа на вистинскиот пат, но не пропушти да додаде дека мора да биде подисциплиниран и позрел во градењето на животниот стил.

Рашфорд имаше еден ноќен испад во Белфаст кој негативно влијаеше врз неговата репутација, а Тен Хаг верува дека напаѓачот ја научил лекцијата и дека тоа веќе нема да го повтори.

– Ако животниот стил не ви е добар, тогаш не може да очекувате добри перформанси на теренот. Тоа го знае Рашфорд, но го знае и било кој друг играч во светот. Ако немате добар и дисциплиниран живот надвор од Карингтон, не може да очекувате да бидете на високо ниво.

– На Рашфорд повремено му е потребна помош, потребна му е поддршка, но на крајот од денот, тој е оној што ги носи сите одлуки. Мора да си го среди животот, мора да има правилен пристап на тренинзите и на натпреварите. Кога ќе биде целосно професионален, тогаш ќе ги видиме и најдобрите перформанси од него. Маркус имаше неколку падови и знаеше како да се издигне, сега треба да продолжи по патот кој го избра. Во последно време има контрола на се што му се случува во животот и се враќа на вистинскиот пат. Ја стартуваше сезоната многу добро и треба да продолжи во тој правец, – вели Тен Хаг пред дуелот со Кристал Палас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни