Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг веќе не може да го „сокрие“ скандалот со Рашфорд: Интерно ќе го решиме проблемот

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Маркус Рашфорд игра очајна сезона и не е ниту бледа сенка од формата која беше пред една година, а разочарувањето е дополнително кај фановите поради тоа што напаѓачот сега покажува и непрофесионален однос.

Манчестер Јунајтед како клуб се обиде да го „сокрие“ скандалот и посочи дека Рашфорд го пропушта денешниот меч против Њупорт поради болест, сето тоа по барање на менаџерот Ерик Тен Хаг.

Холанѓанецот очигледно сакаше да го намали притисокот врз напаѓачот, но откако излегоа снимки дека Маркус „заглавил“ во четвртокот во ноќен клуб во Белфаст, точно стана јасно зошто го пропуштил петочниот тренинг.

Јасно е дека во дадената ситуација не станува збор за болест, туку за класично непрофесионално однесување, па сега Тен Хаг и клубот се под притисок да му врачат казна на напаѓачот.

– Рашфорд пријави дека е болен, тоа беше неговото образложение. Заглавил во ноќен клуб? Тоа е приватна и интерна работа на клубот, јас ќе се справам со Рашфорд.

– Дали ќе добие казна? Тоа е интерна работа и ќе дознаете повеќе наредните неколку дена, – изјавил Тен Хаг непосредно пред мечот со Њупорт кој заврши 2:4.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни