Поврзете се со нас

Лига Европа

Тен Хаг: Уживам во мечевите против Мурињо

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед против Брентфорд им се врати на победите, но време за одмор и славје нема затоа што следи европски предизвик, тешко гостување кај Фенербахче во Истанбул.

На клупата на Фенербахче е поранешниот тренер на премиерлигашот Жозе Мурињо и тоа дефинитивно му дава дополнителен „шмек“ на овој меч кој пак со нетрпение го очекува Ерик Тен Хаг.

-Ова е голем натпревар за двете екипи. Уживам кога се соочувам со Мурињо и играм против неговите тимови. Секогаш има добри тимови, победник е и има освоено многу трофеи. Тоа е пример за многу менаџери, -рече Тен Хаг кој потоа говореше за атмосферата во својата екипа.

-Духот во тимот секогаш беше висок, но по победата сигурно расположението е подобро. Сите во тимот имаат големи очекувања, па мораме да победиме. На секој натпревар мораме да ја покажеме таа решителност. Кога ќе се победи, уживаме 24 часа и продолжуваме понатаму. Тоа е фудбалот, за тоа се живее. Минатото е минато, треба да се докажувате секој ден и на секој тренинг. Одиме во тој стил, ќе видиме каде ќе стигнеме, но нашата цел е повторно да освоиме трофеј, -порача Холанѓанецот.

Дуелот Фенербахче-Јунајтед е закажан за в четврток од 21:00 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни