Англија
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон

Манчестер Јунајтед ги стартуваше подготовките за новата сезона порано од другите, бидејќи Ерик Тен Хаг ги повика првите играчи на средба во текот на вчерашниот ден.
Холанѓанецот го одработи првиот тренинг како менаџер на Јунајтед и се запозна со ѕвезди како Де Хеа, Санчо, Марсијал и останатите, додека имаше нова средба со Ван Де Бек кога веќе го тренираше во Ајакс.
Од тоа што го пренесуваат англискките таблоиди кои биле во тренинг базата на Јунајтед, Тен Хаг се покажал во сериозно расположение во текот на првата средба, но ги потсетил играчите и на едно правило од времето на Сер Алекс Фергусон.
Неговите претходници беа попустливи кога е во прашање времето за пристигнување на планираниот тренинг и тренинзите започнуваа во 10 часот наутро, но според Тен Хаг, тоа е веќе премногу доцна и се вратил на режимот на Сер Алекс.
Играчите сега мора да се појават на тренингот најдоцна во 9 часот наутро, а тој и неговиот стручен штаб ќе анализира и ќе се подготвува за работа уште од 7:45 часот наутро.
First training session at Carrington ✔️#MUFC pic.twitter.com/GQhYA9iKIf
— Manchester United (@ManUtd) June 27, 2022
Pre-season is under way 💪#MUFC pic.twitter.com/zNjIgEiS5B
— Manchester United (@ManUtd) June 27, 2022
-
Пливањепред 23 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 24 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Светпред 21 час
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Репрезентацијапред 15 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 14 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед ќе му го раскине договорот на Роналдо ако не си го промени односот! (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал