Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Тоа е голем удар за нас, но имаме…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед подолг временски период нема да може да смета на услугите на аргентинскиот репрезентативец Лисандро Мартинез кој се повреди на пресметката со Вест Хем во Премиер лигата.

Големиот борец нема среќа со повредите во актуелнава сезона, меѓутоа менаџерот, Ерик Тен Хаг не е премногу загрижен и верува дека во тимот има играчи кои ќе можат соодветно да го заменат популарниот Лича.

-Тоа е голем удар за нас, секако. Лича штотуку се врати, го видовте неговиот придонес во тимот кога е на теренот, освен технички вредности, има и психички. Тоа е чекор назад за него, тој е разочаран, но е голем борец. Ќе се врати посилен и ќе игра до крајот на сезоната. Како тим мораме да го замениме, имаме играчи кои можат да играат на неговата позиција, -истакна Тен Хаг кој е задоволен од придонесот на младите играчи.

-На играчите им треба време. Особено на младите. Ги спомнавте Расмус Хојлунд и Гарначо, им требаше време, ама и на тимот околу нив. Тие два фактори ги немаше во првиот дел од сезоната. Моравме многу да се адаптираме во однос од начинот на кој играме, така што беше тешко да се опслужува офанзивниот дел од тимот. Кога е така, може да се случи да видиме брз напредок и тоа се случи. Од почетокот бев убеден дека имаат потенцијал. Сега е само прашање да продолжиме да го правиме тоа и да продолжиме да бидеме гладни за голови, -заклучи Холанѓанецот.

Наредниот предизвик за Јунајтед е против Астон Вила на „Вила Парк“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни