Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг со совет до Рашфорд: Земи пример од Мегваер…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Маркус Рашфорд имаше навистина импресивни изданија во дресот на Манчестер Јунајтед во минатата сезона, кампања во која даде 30 гола во сите конкуренции и во таков стил, форма се очекуваше да продолжи и во оваа натпреварувачка 2023/2024, меѓутоа е далеку од тој ритам, па и го загуби своето место во почетната постава на дуелот со Челси на кој „црвените ѓаволи“ славеа со 2-1.

Веќе имаше совети за менаџерот Ерик Тен Хаг да не менува ништо и да ги остави Рашфорд и Марсијал надвор од стартниот тим на следните натпревари, а по се изгледа така размислува и холандскиот стручњак кој му испрати јасна порака на напаѓачот во однос на неговиот статус.

-Значи, Рашфорд е неверојатен, добар играч. Не можете да го направите тоа со 11 играчи, не може да игра на секој натпревар, не е во овој момент во формата како минатата година, но сигурен сум дека ќе стигне до таму. Што кажав за Скот Мектоминеј и Хари Мегваер: се е до нив.

-Тимот секогаш ќе се построи и ќе играат најдобрите играчи кои го формираат најдобриот тим. Мислам дека имаме состав и во составот има внатрешна конкуренција. Ако сакате успешна сезона ви требаат повеќе од 11 играчи. Конечно, како и во секоја сезона, ќе се сврти и во секоја сезона е најдобриот тим. Од кога беа тука, тие (Мегваер и Мектоминај) се одлични играчи и играа во тимот. Тоа е она што го очекувате од секој играч, мора да има посветеност да се стремите кон ова, -истакна Тен Хаг што значи дека Маркус ќе мора да се потруди, да заигра на повисоко ниво ако сака да биде од првата минута на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни