Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг со прва изјава откако Роналдо си замина од Јунајтед на контроверзен начин

Објавено

на

Кристијано Роналдо во моментов е насочен кон случувањата на Светското првенство и неговата Португалија ќе игра во четвртфиналето, но пред да допатува во Катар, искусниот голгетер направи нешто што предзивика вистински потрес во Англија, а особено во Манчестер Јунајтед.

Роналдо со експлозивното интервју во кое говореше против газдите на Јунајтед, структурата на клубот и дел од соиграчите се погрижи за предвремен раскин на договорот со „ѓаволите“, па така иднината на Манчестер веќе не е тесно поврзана со еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот.

Ерик Тен Хаг е главната причина за заминувањето на Роналдо од „Олд Трафорд“ и Кристијано порача дека воопшто не го почитувал менаџерот, кој пак  сега после извесно време даде прва изјава за контроверзното заминување на Португалецот.

– Роналдо си замина, тој е дел од минатото на клубот. Сега ние гледаме само напред, гледаме на нашата иднина без него.

– Во тимот и во соблекувалната потребни ви се правилните личности. Личности кои не се подготвени да победат само на еден натпревар, туку личности кои се посветени и кои сакаат да освојат трофеи, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни