Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг со нова изјава за Роналдо најави каква иднина има Португалецот на „Олд Трафорд“

Објавено

на

Ерик Тен Хаг се очекува да го гледа последниот натпревар на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата оваа сезона и оттаму да почне до подетална анализа на тоа што го чека во клубот, кој интересно најави посериозна револуција во играчкиот кадар во летниот преоден рок.

Откако го одработи последниот меч како тренер на Ајакс, Холанѓанецот најави дека веќе максимално се посветува на новиот проект, во кој очигледно и натаму лидер ќе биде човекот кој беше доста критикуван и доведуван во прашање оваа сезона.

И покрај тоа што е најдобар стрелец на тимот, Кристијано Роналдо знаеше да биде мета на критики, но Тен Хаг со најновата изјава навести дека сериозно смета на Португалецот и со тоа потврди дека тој сигурно ќе остане на „Олд Трафорд“.

Ралф Рангник најавуваше дека конечната одлука за иднината на Роналдо ќе му припадне на новиот тренер, кој сега вели дека едвај чека да почне да соработува со искусниот голгетер.

– Имав интересен разговор со Роналдо кога играв со мојот Ајакс против него во Лигата на шампионите. Тој покажа почит за начинот на кој игравме. Роналдо е вистински победник и извонреден играч. Искрено, не можам да дочекам да почнам да работам со него, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни