Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг со коментар за шпекулациите дека Јунајтед ќе го продава Рашфорд поради ФФП

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Ерик тен Хаг се уште не е сигурен околу својот статус во Манчестер Јунајтед по крајот на оваа сезона, но затоа е убеден дека Маркус Рашфорд нема да мрда од „Олд Трафорд“.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ смета дека Рашфорд има сигурна иднина во Јунајтед, иако медиумите шпекулираат дека клубот може да го продаде поради специјалниот бенефит кој го носи продажбата на играчи од сопствената академија во однос на правилата на финансискиот фер плеј.

– Не го продолживме договорот на четири години минатата година за сега да замине.

– Тој треба да биде дел од овој проект и ова воопшто не е тема за разговор во клубот, – рекол Тен Хаг.

Јунајтед немаше многу опции за засилувања во јануари токму поради бројките од финансискиот фер плеј и шпекулациите се дека ќе мора да продаде неколку играчи за да овозможи и засилувања.

Покрај Рашфорд, во сличен контекст се става и Конор Галахер, кој игра одлично, но веројатно ќе заврши во Тотенхем бидејќи Челси е под голем притисок да стигне до одреден профит до крајот на јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни