Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг со коментар за одлуката на Клоп: Тоа не е добро за Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Јирген Клоп ќе го напушти Ливерпул со одличен ефект и ќе биде запаметен како еден од најдобрите менаџери во клупската историја, а неговото заминување е еден вид удар и за целата Премиер лига, односно англиска фудбалска сцена.

Тоа го потенцирал и Ерик тен Хаг, менаџерот на ривалот Манчестер Јунајтед, кој денеска бил прашан за коментар околу одлуката на германскиот колега.

– Ова не е добро за Премиер лигата.

– Клоп имаше долга и успешна ера во Ливерпул, го врати клубот на местото кое му припаѓа, заврши неверојатна работа.

– Можам да ја разберам неговата одлука, девет години се многу, тоа е период во кој постојано градиш, но доживуваш и одредени неуспеси.

– Со вакво темпо целосно ја разбирам изјавата дека е исцрпен и останал без енергија, девет години се навистина долг период со интензивни обврски, – коментирал Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни